LTH Леарница Охрид вработува МАГАЦИОНЕР
-оддел за продажба
Бараме одговорен и енергичен магационер кој ќе се грижи за уредноста и ефикасноста во магацинот за продажба. Доколку сте одговорна личност со желба за тимска работа во стабилна и организирана средина – ве покануваме да се приклучите на нашиот тим.
Главни задачи на избраниот кандидат:
– подготовка и предавање, како и нарачка и преземање на стоката
– грижа за правилно и прегледно складирање во рамките на просторните можности
– грижа за дисциплина и правилна и безбедна манипулација со стоката
– грижа за правилно складирање и постапување со хемикалии односно опасни супстанции
– книжење и раскнижување на стоката во магацините
– контрола и решавање на рекламации
– грижа за водење и архивирање на документацијата во магацините
– грижа за чисто и уредно работно место
– почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
– извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот
Од кандидатот очекуваме:
– самоиницијативност
– тимска работа
– осет за простор и чистота
– совесност
– насоченост кон работата
– IV. степен, насока: металопреработувачка, техничка, општествена
Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа само претпладне.
На избраниот кандидат му нудиме:
– соодветен месечен надоместок
– покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
– обезбеден топол оброк
– исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
– исплата на новогодишен надоместок
– доброволно приватно здравствено осигурување
– награда за присутност
– награди и бонуси согласно покажани резултати
Ве очекуваме!
ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Апликацијата со кратка биографија поднесете ја на нашата веб-страница https://www.lthcastings.com/кариера со кликнување на слободното работно место, најдоцна до 31.7.2025.
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси вкупно 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.
StrugaOnline
Facebook Коментари